Османи: Ќе го задржиме курсот на напредок во односите меѓу Македонија и Косово
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со новоименуваниот Амбасадор на Република Косово во земјава, Ѓерѓ Дедај.
– Имаме бројни заеднички проекти кои се реализираат, како што е граничниот премин „Белановце Станчиќ“, но и бројни други проекти од програмата за меѓугранична соработка кои се во тек или чекаат на реализација, за чии успех верувам дека ќе заеднички ќе се посветиме, истакнал Османи.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања на средбата биле отворени и темите за напредокот на двете земји во рамките на европските интеграции, како и за севкупниот напредок на регионот од аспект на европските перспективи.
-Собранието го даде првото зелено светло за уставните измени согласно договорот од Преспа, со што не само што се отвори патот за имплементација на обврските од Договорот, туку се создадоа услови и за забрзување на реформскиот процес на земјата, истакнал Османи, посочувајќи го успехот на Договорот од Преспа, но и претходно, Договорот за добрососедство со Бугарија, како поттик и за останатите земји од регионот, да вложат повеќе напори и повеќе храброст во надминување на меѓусебните спорови, како заеднички интерес на целиот регион.
Во продолжение двајцата соговорници изразиле согласност дека ќе продолжат да работат посветено во насока на унапредувањето на односите меѓу двете земји, како меѓусебно да се поддржуваат во европските евроатлантските интеграции.
Ново на Сител
-
МВР: Претреси на три локации во село Гајре, едно лице задржано на информативен разговор за убистото во Тетово
-
Борел: Орбан ја претставува само Унгарија, а не и ЕУ, на самитот на туркофонските земји во Азербејџан
-
Вулканот Етна исфрли лава и облак од пепел и чад висок околу пет километри
-
Демонстрации во Барселона против прекумерниот туризам
-
Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк
-
Претседателот на Владата Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО
-
ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати и од нив активни утрово нема
-
Санкционирани 134 возачи во Скопје