-->
-->
Османи-Кааг: Холандија го поддржува португалскиот предлог за надминување на проблемот со Бугарија
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2021/juni/14062021_mnr_osmani_sredba_kaag-1-307095.jpeg?itok=D5D2QiY5)
Како што соопшти МНР, двајцата министри покрај безбедносните предизвици разговараа и за европското досие на Македонија, особено можностите за заокружување на одлуката на Советот за почеток на преговорите за време на португалското претседателство. Министерката Кааг во оваа прилика истакна дека Холандија го поддржува португалскиот предлог за надминување на проблемот со Бугарија.
Во таа смисла Османи го поздрави холандскиот „строг и фер“ принцип, што значително помага во спроведување на реформската европска агенда и имплементирање на европските стандарди, во насока на европските амбиции на Македонија.
Кааг ги поздрави остварените резултати, со цел зајакнување на демократијата и владеење на правото, при што ја истакна неопходноста од континуирана и посветена имплементација на европските стандарди и реформските цели, давајќи поддршка на евроинтегративните перспективи на Македонија со верба дека набргу и формално ќе почнат преговорите за пристапување во ЕУ.
Холандија се вбројува помеѓу најголемите билатерални донатори на земјава, што претставува исклучителен придонес за севкупниот напредок, како и за европската перспектива на земјава и во тој контекст, Османи се заблагодари за принципиелната и недвосмислена поддршка од Холандија за европската интеграција на С Македонија, особено преку поддршка на судството, реформа на јавната администрација и приближувањето кон европското законодавство.
Двајцата министри разменија и мислења, предлози и сугестии за натамошно унапредување и продлабочување на билатералната соработка, ставајќи посебен акцент на интересот и потребата од засилување на економската соработка, преку идентификување на можниот интерес за инвеститорите и за интензивирање на трговската размена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
-
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-
Семејството на Васил: Васил го украл автомобилот
-
Наставник со тврд предмет тепал ученик во средно училиште во Кочани
-
Попов: Точно е дека на 18-години направив грешка која, за жал, имаше последици