Османи: Ја очекуваме поддршката од Холандија на претстојните самити на ЕУ
Ја очекуваме поддршката од Холандија на претстојните самити на Европската Унија, а особено ја цениме билатералната поддршка која земјава во континуитет ја добива што особено внимателно е таргетирана во развојот на демократските капацитети на општеството, владеењето на правото, поддршка за реформите, порача вицепремиерот за вропски прашања, Бујар Османи на средбата со делегацијата на Комисијата за европски прашања при Парламентот на Кралството Холандија, предводени од пратеникот Хајке Велдман, кој е претседател на Комисијата.
Тој, како што информираат од СЕП, упати благодарност до делегацијата и за севкупната политичка поддршка за европските и евроатлантските аспирации на земјава.
-Новата методологија претставува исклучително добра основа за да се забрза и унапреди квалитетот на преговарачкиот процес. Земјите-членки ќе добијат засилен политички мониторинг и насочување на процесот, додека земјите-кандидатки ќе добијат фер можност, низ прецизен и јасен мерит систем на дело да покажат колку се подготвени за напредок во европските интеграции, истакна Османи, пренесувајќи ги впечатоците на Владата по прашањето на новата методологија.
Нагласи дека имаме позитивни сигнали дека методологијата ги задоволува барањата на земјите-членки.
-Тоа го враќа оптимизмот во процесот на проширување, враќајќи го со тоа и кредибилитетот на Европската Унија во регионот, кој по октомвриските самити беше значително нарушен. Очекуваме Советот да ја исполни обврската која си ја постави и ова прашање да биде затворено пред мајскиот самит посветен на Западниот балкан во Загреб, посочи Османи, упатувајќи на силен оптимизам кој се создава во пресрет на пролетните самити на ЕУ, под палката на Хрватското претседателство.
Ново на Сител
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата
-
Царинските службеници запленија техничка стока, цигари, електронски цигари, лековити билки
-
Тројца тинејџери биле приведени вчера откако кај нив полицијата пронашла марихуана
-
Мицкоски на Европскиот самит во Салцбург: Иднината на Македонија е во ЕУ, посветеноста ја докажавме со бројни отстапки и чекори
-
Осум лица аплицираат за две места во ДИК
-
Муцунски: Подготвена нацрт - верзијата на Законот за надворешни работи, која наскоро ќе биде презентирана во јавноста