-->
-->
Османи: 2018 година клучна за евроинтеграциите на Македонија
-->
- Наредната 2018 година претставува историска година за Република Македонија по прашањето на нашите интеграции и за овие наши амбиции очекуваме поддршка од страна на Хрватска, изјавил вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на денешната средба во Загреб со неговата колешка вицепремиер и министер за надворешни работи и европски прашања Марија Пејчиновиќ-Буриќ, во рамките на неговата прва официјална посета на Република Хрватска.
Како што соопшти СЕП, на средбата беа отворени темите за билатералната соработка меѓу двете земји, процесот на проширување и европската перспектива на регионот, како и хрватската поддршка за интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО.
Соговорниците, се додава, ги потенцираа добрите билатерални односи меѓу двете земји, како основа за остварување на уште подлабока соработка, размена, како и меѓусебна поддршка за политичките амбиции. Вицепремиерот Османи се осврнал на европските перспективи на регионот во контекст на евроинтегративните процеси во Македонија. Тој ја потенцирал новата политичка енергија во насока на европскиот оптимизам кој се создаде со формирањето на новата Влада во Македонија, а која граѓаните, се посочува, ја потврдија и на последните локални избори, покажувајќи силна наклонетост кон европските партии и коалиции.
- Овој нов моментум обезбеди поттик за Владата за имплементација на зацртаните реформи,и храбро адресирање на отворените политички прашања. Очекуваме, нашиот придонес да резултира и со конкретни чекори од страна на Европската Унија и НАТО во насока на визибилноста на нашите европски и евроатлантски перспективи. 2018 година претставува историска година за Република Македонија по прашањето на нашите интеграции и за овие наши амбиции очекуваме поддршка од страна на Хрватска, истакнал Османи на средбата.
Во агендата на вицепремиерот Османи за неговата посета на Хрватска се и средбите со потпретседателот на Собранието на Хрватска, Жељко Рајнер, со претседателите на Комисијата за европски прашања, и Комисијата за надворешна политика при Собранието на Република Хрватска, Домагој Иван Милошевиќ и Миро Ковач, каде ќе се отворат темите за регионалната соработка на земјите од Западниот Балкан во рамките на европските процеси, како и за европските перспективи на целиот регион.
На маргините од посетата, вицепремиерот Османи ќе има обраќање пред дипломатските претставници во Хрватска, кое ќе со одржи во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Загреб, на тема „Нова страница за Македонија: 2018 – година на кредибилна перспектива за проширување“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток
-
Во Русија лани биле протерани двојно повеќе мигранти
-
Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека
-
Кривична за екс-началникот на Одделот за воздухопловство
-
Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј