Македонија
24. July 2024 - 8:22

Осма седница на Антикорупциска комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата ( ДКСК) денеска ќе ја одржи осмата седница.

На дневен ред на седницата, како што информираат од ДКСК, се предлог записниците од одржаните шеста и седма седница на Комисијата, како и постапување по конкретни предмети.

Седницата ќе се одржи преку ZOOM комуникациската платформа.