Живот
18. јуни 2016 - 19:56

Ослободете се од комарците, пајаците и буба швабите со оваа чудесна билка

Оваа билка ја има насекаде и е добар лек против разните видови инсекти: комарци, пајаци, буба шваби, лебарки, мравки па и глувците бегаат од неа.

Станува збор за нането од чиј мирис бегаат сите досадни инсекти.

Доволно е да наберете свежо нане и да го засадите во неколку саксии кои ќе ги распоредите низ домот и од нив ќе бегаат не само инскетите туку и глувците.
 
Исто така за да бидете сигурни дека нема да се вратат направете посебна течност. Всушност се работи за концентриран чај од нане. Многу исушени листови, а може и свежи ставете ги во врела вода и оставете ги да провријат, исцедете ги и течноста истурете ја во шише со пумпица. Попрскајте со оваа течност низ домот, посебно околу вратите и прозорците.
 
Овој спреј не го сакаат ни глувците, па и од нив ќе се ослободите.
 
Погледнете како се прави оваа чудотворна течност од нане: