Осквернавени споменикот на Горан Стојменовиќ кој загина во Диво Насеље и икони во Инџиково | ФОТО
Осквернавен е споменикот на бранителот Горан Стојменовиќ и светиот крст во скопско Инџиково.
По овој немил настан се огласи и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски кој упати осуда за свернавењето и напиша:
„Изразувам најостра осуда за вечерашното сквернавење на споменикот на загинатиот бранител во борбите во Диво Насеље, Горан Стојменовиќ како и на иконите кои се дел од осветеникот крст поставен во истиот парк во Инџиково.
Ваквиот сторен чин на денешниот голем македонски празник Илинден и христијански празник Св. Илија преставува срамен и кукавички чин кој е за најостра осуда.
Како градоначалник на општина Гази Баба, БАРАМ итно и неодложно превземање на сите законски дејствија од страна на Министерството за Внатрешни работи и час поскоро сторителите на овој чин да бидат изведени пред лицето на правдата.
На граѓаните сакам да им порачам да бидат спокојни. И споменикот и иконите ќе ги обновиме, а традицијата на оддавање почит на херојот Горан Стојменовиќ, како и чествувањето на Соборот на 12те Апостоли во Инџиково ќе продолжи!“
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар