-->
-->
Оштетени згради и паника кај жителите од Петриња по земјотресот
-->
Во хрватска Петриња, која утрово беше погодена од силен земјотрес, има оштетени згради и граѓаните се плашат да се вратат дома, рече градоначалникот Даринко Думбовиќ.
„Луѓето се на улица, постои паника. Има објекти кои се толку оштетени што граѓаните се плашат да се вратат внатре.Ќе се обидеме да најдеме решение за сите луѓе кои нема да можат да се вратат во своите домови", рече Думбовиќ.
Тој рече дека штетата не е мала и дека очекува помош од секој што може.
Тој додаде дека е најавено доаѓање на претседателот и премиерот, Зоран Милановиќ и Андреј Пленковиќ.
Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер утрово го погоди северозападниот дел на Хрватска, со епицентар на 12 километри југозападно од Сисак, во близина на Петриња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: Лидерската е вовед во политички дијалог, но без големи очекувања
-
Teма на денот со Ивон Величковски
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати