Македонија
5. August 2015 - 9:38

Оштетен мостот на Вратничка река - За Тетово-Јажинце алтернативни патишта

Кај село Порој во прекин е регионалниот пат Тетово – Јажинце, а како алтернативни патни правци се користат: Тетово – Требош - Џепчиште и Желино – Шемшево – Јегуновце - Теарце, соопшти изутринава Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Патниот правец Тетово – Попова Шапка е исчистен и сообраќајот се одвива нормално во двата правци. Делот од коловозот на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај село Доброште е исчистен и на тој дел од патот сообраќајот е нормализиран. 

Поради надојдена вода на Вратничка река, целосно е оштетен мостот кој сообраќајно ги поврзува селата Горно Орашје и Нераште.