Свет
10. November 2015 - 9:12

Орпо: Можно е Финска привремено да го запре прифатот на бегалци според квотите од ЕУ

Финска има намера привремено да го прекине прифатот на бегалци според квотите на ЕУ, доколку во нивното прераспределување не учествуваат и другите земји од ЕУ, пренесе ТАСС, цитирајќи ја изјавата  на министерот за внатрешни работи, Петери Орпо, за финската телевизија „Јуле“.

Според  министерот, нема да има преговори за прафаќане нови бегалци, додека системот за распределување на квотите не проработи на општоевропско ниво.

Министерот прецизира дека сега се водат преговори за прифаќање на уште една група, по број приближно колку и првата од 49 Еритерјци, кои пристигнаа во октомври.

-По вториот трансфер ќе направиме пауза и ќе почекаме да видиме дали и другите земји од ЕУ ќе се приклучат кон прераспределувањето, подвлече тој.

Орпо појасни дека на списокот на земјите кои се согласиле да учествуваат во процесот, недостасуваат неколку држави, кои не се особено засегнати од бегалската криза.

Во Финска од почетокот на годината веќе пристигнале речиси 26. 000 мигранти, главно од Ирак.