Македонија
29. September 2015 - 8:37

Орден за заслуги на Македонија за ИЗИС

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го додели признанието „Орден за заслуги за Македонија“ на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија се одликува со „Орден за заслуги за Македонија“ по повод 50 години од неговото основање, а особено за постигнатите исклучителни резултати во научната и апликативната дејност во областа на земјотресно инженерство во земјата и во странство, со што дал значаен придонес во смалувањето на сеизмичкиот ризик, заштита на човечките животи и материјални добра.