Орце Ѓорѓиевски: Неказнивоста на функционерите ги охрабрува сите да станат насилни
Неказнивоста на функционерите на СДСМ ги охрабрува да станат уште понасилни.
Следејќи го примерот на нивниот лидер Зоран Заев, тие се закануваат, вршат насилство и ги кршат законите.
Се чувствуваат моќни и недопирливи бидејќи институциите под политички притисок не смее да реагираат.
Последниот напад од страна на пратеникот на СДСМ, Благојче Трпески врз негов сограѓанин, кој во моментот на нападот бил со своето малолетно дете е акт на вандализам и аздисаност од оваа власт.
Одговорност мора да има и ќе има. Ако не сега, тогаш кога ќе ја вратиме правдата во Македонија и кога ќе почнат да функционираат институциите на системот.
Според информациите, под дејство на алкохол, насилниот пратеник од СДСМ го искршил и автомобилот на жртвата.
Ќе има ли санкции и мерки од страна ма МВР или случајот ќе се покрива со фалс записници, менувани по канцеларии како пријавата против Курто Дудуш?
Дали на насилниот функционер на Заев му е направен алкотест? Доколку не му е направен, зошто не му е направен? Дали е точно дека го пуштиле од станица со извинување кон него и со оправдување дека имал имунитет?
На сите слепи послушници на Спасовски и на Заев треба да им стане јасно дека не смее политичките наредби и злоупотреби да им бидат поважни од законите и интересите на нашите граѓани. Ќе се бара одговорност и од нив за нивното непостапување и прикривање на случаите.
Функционерите на СДСМ не се посебна категорија на граѓани на кои им е дозволено да прават што сакаат, а притоа да останат неказнети. Власта која моментално ја чувствуваат и ја чуваат за себе наскоро ќе ја немаат, а тогаш ќе одговараат за целиот криминал и насилието кое го извршија изминативе 3 години.
Очекуваме МВР во најбрз можен рок да го расветли случајот и да поднесе пријава против пратеникот.
Насилието на Трпески не е првпат функционер од редовите на СДСМ или членови на нивните семејства да ги тероризираат нашите граѓани.
Неказнето остана дивеењето синот на Хари Локвенец, Илија Локвенец кој во дискотека во Прилеп извршил сексуално насилство врз своја сограѓанка.
Без епилог е и случајот со насилието на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој во својот кабинет затвори и малтретираше граѓанин на својата општина.
Градоначалникот на Делчево кој ја злоупотреби својата моќ па шиканираше приватни фирми е исто така недопирлив за полицијата на Спасовски.
Дури и една година помина по скандалот со заканувањето на Марјанчо Стојановски, градоначалник актуелен на Демир Хисар пред поголема група ученици, наставници и родители, кој се закануваше а исто така се уште е на функција и нема ништо преземено против него.
Така можеме да редиме уште многу. Секој еден граѓанин знае барем по еден функционер од СДСМ од неговото населено место кој ги шиканира своите сограѓани.
На аздисаноста на СДСМ мора да се стави крај. Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори.
Изјава на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Едно лице загина, 13 се повредени во напад на руски дрон врз Одеса
-
„Ел Гол Дигитал“: Голем број ѕвезди на Реал се изјаснија за оставка на Анчелоти
-
Голема акција: Запленети 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази, пиштол, куршуми
-
Палестинскиот претседател подготвен на соработка со Трамп за завршување на војната во Газа
-
МВР: Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Сеизмолошка опсерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите