Орбан: Унгарија е подготвена да учествува во меѓународна воена операција во Сирија
Унгарија е подготвена да учествува во меѓународна воена операција во Сирија, ако биде разработена разумна стратегија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за денешниот број на весникот „Фигаро“.
- Ако меѓународната заедница изработи разумна стратегија, ние сме подготвени да учествуваме. Како од морални причини, така и од сопствен интерес, изјави унгарскиот премиер.
Орбан за францускиот весник нагласи дека во догледна иднина христијанското население на земјите во ЕУ нема да е во состојба демографски да се натпреварува со зголемената по бројност муслиманска заедница.
- Ми се допадна кога германската канцеларка Ангела Меркел пред година и половина изјави дека мултикултурата е мртва. Заканата од тероризам е еден проблем, но од друга страна го има и предизвикот со интеграција на муслиманите, истакна тој.
Ново на Сител
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени
-
Овошките на удар од ниските температури
-
Црвен крст - Штип организира обуки за прва помош за заинтересирани граѓани, фирми и ученици
-
Преглед на вестите од светот
-
Кога се трошеле најмногу државни пари