Орбан: Сите гледаат дека војната во Украина е изгубена, ставот на Унгарија може да стане мнозински
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека сите можат да видат дека војната во Украина е изгубена и дека е лоша одлука да се влезе во неа.
Тој додаде дека секое унгарско домаќинство изгубило по околу 6.000 евра поради војната, а богатите земји уште повеќе, пренесе МТИ.
Орбан денеска за унгарските јавни медиуми изјави дека Унгарија не треба да се плаши од ситуации во кои зазема поинаков став од останатите 26 членки на Европската унија, бидејќи нејзиниот став во иднина може да стане мнозински.
Тој ја даде оваа изјава откако вчера стави вето на уште една изјава на ЕУ во врска со Украина.
Тој потсети дека Унгарија претходно беше единствената земја која се спротивстави на миграцијата, изгради ограда на границата и влезе во конфликт по ова прашање.
- Осум или девет премиери, кои претходно протестираа против сегашните правила за бегалците, во четвртокот буквално го повторија она што Унгарија го кажа и направи пред десет години, рече Орбан.
Тој додаде дека унгарските ставови во врска со војната сега се во слична ситуација.
- Сè уште сме далеку од мнозинството, бидејќи мнозинството членови вчера одлучија да ја продолжат војната, испраќајќи уште повеќе пари и оружје во Украина, но таа одлука повеќе не е цврста и непоколеблива како порано, посочи тој.
Орбан рече дека е убеден дека, како и во случајот со миграцијата, „ќе дојде моментот кога унгарската позиција ќе стане заедничка позиција на Европа“.
Ново на Сител
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани
-
Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон