Орбан: Поддржавме санкции против Русија, но тоа има цена
Унгарија ги поддржа санкциите на Европската унија против Русија, но нејзината сопствена економија неизбежно ќе биде погодена од нив, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан за државното радио.
– Санкциите имаат цена бидејќи тоа е меч со две острици и таа цена ќе ја платиме на краток рок, рече Орбан во интервјуто, додавајќи дека Владата во Будимпешта мора да работи на ублажување на директната штета од мерките против Русија.
Тој оцени дека првиот удар за унгарската економија е затворањето на Сбербанк во Европа на почетокот на оваа недела, при што многу клиенти, вклучително и компании, загубија пари.
Народната банка на Унгарија ја одзеде дозволата за работа на Сбербанк откако Европската централна банка нареди затворање на нејзината европска матична компанија.
Депозитите на клиентите во вредност до 100.000 евра ќе бидат вратени од Националниот фонд за осигурување на депозити.
Орбан, исто така, рече дека зголемувањето на цените на енергијата ширум Европа ќе поттикне дополнителни инфлациски притисоци што централната банка и владата ќе мора да ги издржат.
Во врска сп украинските бегалци, тој истакна дека Унгарија може да им понуди сместување и да ги плати трошоците за три месеци, колку што добиваат невработените кои бараат работа во Унгарија.
– После би морале да се вработат и некако да се вклопат во животот во Унгарија, заклучил Орбан.
Ново на Сител
-
Левица: Кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители
-
Кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука
-
Кривична пријава за жител на село Могорче за тешка кражба и оштетување туѓи предмети
-
„Балансерот“ утре на седница на Уставниот суд
-
Мој Народе - Ново од групата Меморија
-
МВР: Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога
-
ЦУК: Вкупно 1.704 повици на 112, четири пожари на отворено и апел за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите