Општините Куманово и Гњилане го подготвуват проектот „Зелен пазар“
Градоначалниците на Куманово и нa Гњилане Зоран Дамјановски и Љутви Хазири денеска разговараа за можностите за подготовка на проектот „Зелен пазар“, кој ќе користи средства од европските фондови за меѓуграничната соработка меѓу Македонија и Косово.
Претставниците на двете општини, кои се сретнаа во Куманово, во наредниот период ќе работат на апликација на овој проект, со кој се очекува изградба на модерни пазари.
Дамјановски посочи дека првично заложбите се однесуваат на менување на покривната конструкција на пазарот, воведување систем за одводнување и партерно уредување на првото и второто ниво и санитарни јазли на постоечкиот Зелен пазар во Куманово.
- Ќе одиме во неколку фази, а ова е почетокот на нашата соработка. Кога ќе го оствариме првиот дел ќе се ангажираме во понатамошниот проект да го прошириме и ќе имаме еден модерен зелен пазар со кој Куманово дефинитивно ќе дава услуга на граѓаните, изјави Дамјановски.
Тој потсети дека две години општината аплицирала на таков проект за бугарско-македонска меѓугранична соработка и додаде оти е добиена референца за влезна компонента во зоната на избор, а општината е на листа на чекање.
Интересот на двете страни, како што рече, е подеднаков, тоа ќе биде првично од 200.000 евра на двете страни, со партиципација од 20 до 40 проценти на локалните заедници зависно од тоа што ќе бараме.
Градоначалникот Хазири изрази задоволство од работата на општините за овој проект од кој, како што рече, се очекува бенефит за жителите на двете општини.
- Наскоро ќе аплицираме за овој Грин маркет проект, комплетна модернизација на пазарот и услугите. Во исто време работиме заедно фармерите од овие општини да ги посетат пазарите во Гњилане и да ги продаваат своите продукти. Заедно ќе работиме и на други проекти затоа што Гњилане е член на Европската мрежа на општини и градови на Европската заедница во која ние аплицираме на други фондови, изјави Хазири.
Ново на Сител
-
Локализиран е пожарот на планината Беласица
-
Во Берово најстудено со - 6, во Гевгелија измерени 5 степени Целзиусови
-
Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
-
Патот Кратово - Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени
-
Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад