Македонија
29. January 2016 - 13:46

Општина Зрновци со два проекти со општини од Бугарија

Општина Зрновци во рамки на прекуграничната соработка со општини од Република Бугарија аплицираше со два проекта кои се однесуваат на комунална инфраструктура и развој и унапредување на алетрантивниот селски туризам.

- Со општина Симитли ќе реализираме проект за изградба на етно парк во двете населени места. Нашата општина е лидер во проектот. Вториот проект се однесува на изградбата на пристапен пат во должина од 400 метри до археолошпкиот локалитет Манастириште кај манастирот „Свети Симеон“ во село Мородвис. Овој проект ќе го реализираме со општината Бобошево. За двата проекта се планирани средства во висина од 180 илјади евра, изјави Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.

Досега во рамки на прекуграничната соработка со општини од соседна Бугарија, општина Зрновци изгради соларен систем за користење на сончевата енергија во ОУ „Синиша Стоилов“ и во Спортската сала во Зрновци, како и изградба на патна инфраструктура во две населени места во општината.