Општина Велес ги додели наградите за најдобрите во 2016.
Општина Велес попладнево на традиционалната новогодишна свеченост ги додели наградите на најдобрите во јавните служби и претпријатија за 2016 година.
Како што истакна градоначалникот Славчо Чадиев во отчета за сработеното, годинава биле фокусирани на економијата и обезбедување услови за повисок животен стандард на сите граѓани, но истовремено и на негување на традицијата, културата, спортот, како и на реализирање на проекти за развој на образованието, социјалната заштита, инфраструктурата.
- Во оваа година успешно завршивме 114 проекти од кои директна корист имаат сите граѓани на Велес. Иднината е неизвесна, секој нов ден е новата неиспишана страница од историската книга, чии автори сме ние. Од нас зависи дали ќе бидеме запаметени по делата кои сме ги оставиле или ќе чекаме некој друг да решава во наше име, рече Чадиев.
За 2017 година во проектите предвидени во програмите за работа на општина Велес, како поголеми инвестиции Чадиев ги најави покриениот Градски пазар вреден 12 милиони денари, водоводна линија во вредност од 12 милиони денари за селата Раштани и Бузалково со што трајно ќе се реши проблемот со чистата вода за пиење во овие населени места.
За догодина, како што рече, се планира изградба на нов кружен тен на крстосницата пред Башино Село и изградба на пешачки мост кој ќе ги поврзува локалната Црква и гробиштата, во вкупнавредност од 9 милиони денари. Во соработка со Агенцијата за млади и спорт ќе се реконструира и покривот на спортската сала „Гемиџии“, прва голема инвестиција во овој значаен објект после 4 децении.
На свеченоста наградата за најхуманист за 2016 ја доби Небојша Цветковиќ за 112 пати дарувано крв, Кире Димовски за најдобар пожарникар, Горан Николов за најдобар комунален работник, Марин Јанев грнчар за најдобар занаетчија, Рубинчо Димовски за најдобар полициски службеник при СВР Велес и Ивица Стојчев од велешкото село Иванковци за најдобар земјоделец.
ООУ „Кирил и Методиј“ доби награда за најдобро училиште во областа на заштитата на животната средина, во кое учениците и вработените во текот на оваа година собрале најмногу хартија и пластика, а КДУ „Димче Мирчев“ најмногу батерии. Општина Велес врачи и 19 стипендии, за десет средношколци и девет студенти.
Ново на Сител
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон
-
Сообраќајна несреќа на патот Битола - Прилеп, повредени 5 лица
-
Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на Бехтел и Енка, за проблемите Владата праќа молби до нив
-
Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат