-->
-->
Општина Крива Паланка дел од проектот „Електричниот отпад создава можности“
-->
Општина Крива Паланка ќе се вклучи во проектот „Електричниот отпад создава можности“.
Претставници од општина Крива Паланка од областа на заштита на животната средина, претставници на основните училишта и јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка денеска одржаа средба со претставници на Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“ на која беа разгледани можностите за соработка за реализација на проектот „Електричниот отпад создава можности“ финансиран од страна на Амбасадата на САД во Скопје.
Координаторот на еколошките активности при општина Крива Паланка, Бранко Велиновски, истакна дека целта на состанокот е разгледување и создавање можности за подобро спроведување на новите законски обврски за постапување со отпад од електрична и електронска опрема.
- Новите законски одредби за постапување со отпад од електрична и електронска опрема стапија на сила од први јануари 2015 година, а за запазување на истите и нивно подобро спроведување општината ќе се вклучи во имплементацијата на овој проект, што е од голема важност, особено сега кога општината има неопходна потреба од намалување на отпадот кој треба да завршува на времената локација за депонирање отпад, изјави Велиновски.
Проектниот координатор Бојана Станојевска – Пецуровска ги презентираше условите и можностите за вклучување во проектот образложувајќи ја неговата цел.
- Целта на проектот „Електричниот отпад создава можности“ е да се подигне свеста на населението, со фокус на децата од основните училишта во државата, за негативните влијанија на електричниот и електронскиот отпад врз животната средина и здравјето на луѓето како и да се истакне потребата од селектирање на отпадот, рече Станојевска – Пецуровска.
Проектот ќе се спроведува во период од една година по потпишување на Меморандум за соработка и доставување на соодветна апликација. Во рамки на oвој проект планирано е да се изработат промотивни материјали, да се спроведат повеќе едукативни работилници, да се обезбедат и постават соодветни контејнери за одделно собирање на електричен отпад во училиштата и во самото градско подрачје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари