Општина Кисела Вода досега легализираше 4980 дивоградби
Градоначалникот на општина Кисела Вода денес додели уште 100 нови решенија за легализирани дивоградби. Со тоа, бројот на решени предмети се искачи на 4980, од пристигнатите 13851 барање за легализација.
Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3966. Исто така, изготвени се уште 232 урбанистички согласности, од кои, за 182 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на
Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.
Во своето обраќање, градоначалникот ги повика сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.
Крајниот рок за комплетирање на документацијата, за новодонесените барања кои пристигнаа во продолжениот рок даден од Владата на Република Македонија истекува до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање, до 31.12.2016 година.
Ново на Сител
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани