Општина Кисела Вода додели уште 45 ваучери за новороденчиња
45 ваучери за новороденчиња денес додели општина Кисела Вода. Од нив 24 беа за машки, а 21 за новородени женски дечиња.
Со тоа бројот на ваучери со еднократна парична помош кои оваа локална самоуправа редовно ги доделува за своите нови жители се искачи на 1391.
Се работи за проект од програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода, донесена по предлог на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, а едногласно поддржана од Советот на општината. Истиот има за цел да им помогне на новите родители од овој дел на градот за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето и ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител.
Заедно со барањето тие треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
Доделувањето на ваучери со еднократна парична помош ќе продолжи ќе се запази се до истекот на мандатот на градоначалникот Беличанец-Алексиќ.
Ново на Сител
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата
-
Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски
-
На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 20 до 30 минути
-
Зеленски и Трамп се договорија за зајакнување на воздушната одбрана на Украина
-
Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
-
МВР апелира граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки