Општина Кавадарци донираше две возила за полицијата
На иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев, општина Кавадарци заедно со бизнис секторот, донираше две возила „шкода рапид” за полицијата. Ова е е втора донација, а лани беше донирано интервентно возило комбе.
-Во Кавадарци се намалуваат кривичните дела и проблемите од јавна безбедност, истакна Јанчев.
Во работна посета на полициската станица денеска беше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој рече дека во квадаречкиот регион се бележи намалување на криминалот за разлика од претходната година.
-На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес, во чии рамки е и кавадаречката полициска станица, за одбележување е што криминалитетот бележи опаѓање, за разлика од 2018 година. Таа беше една од подобрите во последните пет години, но во 2019 имаме дополнително намалување на криминалитетот. Исто така имаме зголемување на ефикасноста во работењето. Сето тоа ни дава уште поголем мотив, сите заедно да работиме кон унапредување на безбедноста, нагласи министерот Спасовски.
Тој ги посети и општините Градско и Демир Капија. Во сите овие општини имаше средби со полициски службеници, локалните совети за превенција и со градоначалниците.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот