Општина Карпош: Не се точни тврдењата дека ќе се менува влезот на Трнодол
Општина Карпош денеска соопшти дека не се точни тврдењата дека ќе се менува влезот на Трнодол, дека ќе се гради нова зграда и ќе се затвора каналот.
– Токму денешната изјава на двајцата претставници на граѓани од Трнодол е потврда за промените во начинот на носењето на деталните урбанистички планови во Карпош. Денеска граѓаните имаат можност да ги посочат своите забелешки и предлози уште на почетокот кога се носи одреден ДУП, нешто, што за жал не претставуваше пракса во минатото, се вели во соопштението од Општина Карпош.
Поканата за јавна презентација, како што се наведува, беше објавена на веб-страницата на Општина Карпош, на видливо место, на социјалните мрежи, без намера да се сокрие нешто.
– Посетеноста на првата јавна презентација беше голема, но, за жал, не постоеја услови и работна атмосфера за детално, од стручните служби, да се образложат дилемите кои ги имаа засегнатите граѓани. Ги охрабруваме граѓаните да дојдат и на втората јавна презентација, оваа есен, каде што стручни лица (претставници од планерската куќа), заедно со претставници од Секторот за урбанизам, повторно ќе го образложат Предлог ДУП-от за Градска четврт Ј 03 Блок 7, стои во соопштението од Општина Карпош.
По неколку одржани состаноци и средби со жителите на населбите Трнодол и Жданец, работната група денеска информира дека преку соопштение има изготвено претставка до градоначалникот и советниците на Општина Карпош. Во претставката се изнесува ставот на жителите кои се противат на начинот на презентација на Предлог ДУП-от за Градска четврт Ј03, блок 7 и со кој во целост не се согласуваат. Претставката, утре во 13 часот ќе биде предадена во архивата на Општина Карпош.
Ново на Сител
-
Кумановската полиција пронашла седумнаесет мигранти од Сирија
-
Почина еден од најуспешните винопроизводители во светот, Жозеп Ферер Сала
-
Нова промена на цената на горивата од полноќ
-
Зголемен бројот на туристи и на ноќевање
-
Белорусија стана партнер на БРИКС
-
Тешка сообраќајна несреќа во Пробиштип - Судир помеѓу трактор и „матиз“
-
Влегол во Македонија преку див премин - Приведен грк на ГП Богородица
-
Пронајдени боксирач и два ножеви, приведени две лица меѓу нив и малолетник