Општина Демир Хисар ги санира мостовите во селата Вирово и Мренога
Општина Демир Хисар почна со санација на оштетувањата на мостот на Вировска Река, како и врз мостот кај селото Мренога.
Поволните ноемвриски временски услови придонесоа да започнат и успешно да се спроведат сериозни и сложени градежни зафати врз конструкцијата на мостот на Вировска Река, истакна градоначалникот на општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски.
- Како резултат на староста, но и движењето на товарни и други потешки моторни возила, по целата должина на мостот од источната страна, како и врз дел од носечката и врзна конструкција од двата приода на мостот, дојде до сериозни оштетувања за што жителите на Вирово навреме алармираа за опасноста и сериозноста на проблемот и побараа помош од општината. Оштетувањата врз овој, како и врз мостот во селото Мренога навистина беа големи и сериозни. Сложеноста на процедурата околу избор на најповолен изведувач малку ги одложи работите, но сега сме задоволни што заради добрите временски услови, работите ќе се завршат во оптимален рок, посочи Блажевски.
За санација на оштетувањата на мостовите кај селата Вирово и Мренога обезбедени се 146.900 денари, средства од општинскиот буџет, а реконструкцијата ја врши градежна оператива на локалното јавно претпријатие „Комуналец“, информираа од општина Демир Хисар.
Ново на Сител
-
Назначени нови директори на ЈСП, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта
-
Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома
-
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка