Општина Битола ќе кофинансира проект за реставрација на Офицерски дом
Советот на општина Битола донесе одлука за учество со кофинансирање на проект наменет за реставрација на Офицерскиот дом во тој град.
Со одлуката се овозможува буџетска поддршка од 16,6 милиони денари кои ќе бидат вложени за реализација на проектот.
-Обезбедените средства претставуваат 22,96 насто од вкупната реализација на проектот за „Реставрирање и адаптирање на офицерски дом заедно со партерното уредување“. Апликакцијата е доволна за оваа фаза од намерите за реставрација на Офицерскиот дом во Битола, информираат од тамошната локална самоуправа.
Офицерскиот дом во Битола е изграден во 1911 година од тогашниот управник на битолскиот вилает Абдул Керим Паша и претставува редок пример на архитектура, со карактеристични еркерни балкони – палата за свечени приеми, забава и балови.
Ново на Сител
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома