Општина Аеродром казни угостителски објект со 6.000 евра за бучава поголема од дозволеното
Општина Аеродром изрече и наплати парична казна во висина од 6 илјади евра на правно лице за надминување на максимално дозволеното ниво на бучава, информираат од Општината.
При мерење на бучава од страна на инспекторите за еден од угостителските објекти на териоторијата на Општина Аеродром е констатирано дека правното лице го нарушило мирот на граѓаните со штетна бучава.
-Имено, врз основа на член 50 став 1 од Законот за заштита од бучава во животната средина, нивото на бучава при вршење на угостителската дејност треба да е во рамките на пропишаните гранични вредности, велат од Општина Аеродром.
Оттаму апелираат до правните, но и до физичките лица да се придржуваат до пропишаните правила и закони со што ќе се избегнуваат нарушувања на мирот на жителите, а воедно и Општината како институција да не биде доведена до други вакви и слични ситуации во кои мора да изрекува прекршочни санкции.
Инспекторите на Општина Аеродром, велат, се постојано на терен, а секое детектирано прекршување на законите подложи на парична глоба. Истовремено, ги повикуваат аеродромци доколку забележат какво било несовесно однесување, веднаш да пријават кај нашите служби.
Ново на Сител
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија
-
Пронајден починат маж во Свети Николе во куќа каде неовластено живеел
-
Возач во Аеродром удрил 15-годишно девојче и побегнал
-
Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити
-
ССМ најавува протести доколку Владата не ги зголеми платите
-
Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола