Општина Аеродром и „Градски паркинг“ потпишаа договор за надлежности за отстранување хаварисани возила
Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски денеска потпишаа договор за поделба и утврдување на меѓусебните надлежности со што значително ќе се олесни начинот за отстранување хаварисани возила и возила паркирани на плочници и зелени површини, информираат од Општина Аеродром.
– Со овој договор, комуналните инспектори од Општина Аеродром добиваат овластување да побараат од ЈП „Градски паркинг“ подигнување и транспорт на хаварисани и непрописно паркирани возила кои ќе бидат дислоцирани на трајна локација, велат од Општина Аеродром.
Градоначалникот Муцунски истакна дека со ова, конечно ќе се реши проблемот со големиот број хаварисани возила, кои покрај тоа што зафаќаат паркинг места, претставуваат и опасност за граѓаните и се лоша слика за Аеродром.
Договорот беше потпишан по отворањето на новата канцеларија на ЈП „Градски паркинг“ што почна со работа во објектот на Рударски институт во Аеродром, а на настанот присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Со новата канцеларија се очекува да се олесни пристапот на аеродромци до услугите за паркирање, а Општина Аеродром заедно со другите релевантни институции интензивно работи на изнаоѓање трајно и одржливо решение со паркинг местата, а едно од тие решенија е и воведувањето зонско паркирање, кое ќе биде бесплатно за аеродромци.
Ново на Сител
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата
-
Тема на денот со Весна Мојсова-Чепишевска
-
Уште еден пратеник го напушти Таравари, Мицкоски најавува промени во Владата
-
Дали Македонија навистина ќе има бенефит од стратешкото партнерство со Велика Британија?
-
Кога ќе се изгради новата Клиничка болница во Штип и болницата во Кичево кои се градат веќе со децении?
-
Што може да се очекува ако Трамп ги воведе царините?
-
Се зголемува интересот за тутунот, дали годинава ќе има повисока цена од лани и повеќе килограми?