Опожарени три контејнера во Карпош
Во текот на изминатиот викенд, од страна на непознати сторители беа опожарени три сада наменети за одлагање комунален отпад на улицата Јуриј Гагарин во скопската општина Карпош.
Станува збор за пластични контејнери со зафатнина од 3,2 кубни метри, од коишто едниот е сосема уништен и неупотреблив, додека останатите два сада претрпеле значителни оштетувања од пожарот.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија целосно расчистување на микролокацијата и го заменија комплетно опожарениот контејнер со нов сад за одлагање на отпадот, додека останатите два контејнера се сервисирани.
ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира граѓаните внимателно да ракуваат сосадовите наменети за одлагање на отпадот, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа. Секое оштетување на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад во градот Скопје.
Ново на Сител
-
Турскиот суд му одреди притвор на градоначалникот на Истанбул
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
-
Без возачка дозвола возел над 100км/час, кривична пријава за скопјанец
-
Демонстрации поради одлуката на Нетанјаху да го отпушти шефот за внатрешна безбедност на Израел
-
Две лица загинаа во Киев и едно во руската област Ростов во воздушни напади
-
Српските власти со најава - денеска иницијативен состанок на движење за народ и држава
-
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани