Опожарени подрумските простории на кумановскиот суд
Пожарот кој ноќеска ги зафати подрумските простории на Основниот суд во Куманово е локализиран, но една екипа е останата на терен.
- Пожарот е локализиран, но има уште една екипа која проверува, велат од кумановската Противпожарна единица.
Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од ТППЕ Куманаво од 01:35 часот интервенирале на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две возила.
Претседателката на судот Снежана Манев вели дека противпожарните екипи сè уште се на терен.
- Според првичните информации зафатена е една просторија каде има стари, завршени предмети. Ќе почекаме да завршат екипите на Противпожарна единица и после увидот на полицијата ќе кажат од што настанал пожарот. Ќе информираме за причините, судот денеска нема да работи. Електричната енергија е исклучена, изјави, претседателката Манев за МИА.
Ново на Сител
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени