-->
-->
Опожарен магацин во Вејце
-->
Материјална штета од околу 150 илјади денари претрпел З.Д.(32) од тетовското село Вејце откако најверојатно поради човечко невнимание вчера околу 15 часот избувнал пожар во неговиот помошен објект што бил користен како магацин во селото, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Опожарен бил дел од покривот на објектот, како и 50 дрвени греди долги по 10 метри, близу стотина метри најлон, 500 килограми пченица, исто толкава количина јачмен и 600 килограми компир.
Во пожарот нема повредени лица или добиток, а вкупната материјална штета според сопственикот се проценува на 150 илјади денари. Полицијата извршила увид и работи на утврдување на причината и се друго поврзано со пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!