Македонија
20. November 2024 - 12:32

„Палчо дојде со бел пикап, забележав вдлабнатина на вратата, му реков, си го удрил? Не одговори“, сведочи Османи

Сведокот Ерол Османи рече дека на 28 ноември 2023 година кога Палевски дошол кај него да го поправа котелот, забележал дека била удрена возачката врата од белиот пикап и дека имало вдлабнатина. „Му реков, си го удрил?“, но Османи не добил одговор од Палевски.

- Удрена беше возачката врата, имаше вдлабнатина. Му реков, си го удрил?, не ми одговори – рече Османи.