„One Direction" ќе паузира една година
Исклучително успешниот бенд „One Direction“ ќе направи пауза од една година, со цел членовите да бидат во можност да се посветат на индивидуалните интереси, објави денеска британскиот „Сан" .
Паузата ќе се случи откако бендот, кој претходно оваа година остана без еден член откако Зејн Малик се повлече од музиката, ќе го објави својот петти албум во март. "
„Овие момци се заедно веќе пет години, што е извонредно достигнување за било кој „бојс бенд“, изјави неименуван извор за Сан.
„ Целосно заслужија да имаат најмалку една година време да работат на сопствени проекти. Нема лоши односи меѓу нив и тие сите заедно ја донесоа оваа одлука“.
Портпаролот на бендот не даде коментир и не постои потврда на оваа вест на официјалниот Твитер профил на бендот "One Direction".
Нивниот последен закажан настап ќе биде во Шефилд, Англија, на 31 октомври.
Овој бенд се здоби со меѓународна слава откако го освоија третото место на британската верзија на Х фактор за 2010 година.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228