-->
-->
Омега 3 масните киселини се еликсир за здравјето?!
-->

Нутриционистот Пол Гринберг одлучил на себе да го провери тврдењето дека омега 3 масните киселини се вистински еликсир на здравјето.
Гринберг една година секојдневно јадел риба, а сето тоа го снимил во документарецот „Риба во мојата чинија“.
„Омега 3 индустријата“ ја наметна тезата дека е доволно да ја внесувате оваа киселина за да бидете здрави. Поради тоа луѓето земаат суплементи, кои не се ниту малку ефтини.
Гринберг за една година изел повеќе од 700 оброци направени исклучиво од морска храна и риба.
Пред овој експеримент ги направил сите анализи, со цел да докаже дека омега-3 масните киселини влијаат на неговата здравствена состојба, но негативно!
„Имав благо покачен крвен притисок и проблеми со холестеролот. Имав проблеми со депресијата и несоницата и тоа не ми се допаѓаше. Затоа „паднав“ на шармот на омега 3 индустрија: тие продаваат она што би требало да ги реши моите проблеми”, вели Гринберг во документарниот филм.
Како и да е, по една година, резултатите биле речиси идентични! Дури неговиот крвен притисок се зголемил малку, што би можело да се должи на зголемувањето на внесот на солта, но забележана е и жива во неговото тело.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“