Спорт плус
16. March 2022 - 19:04

Оливера Наковска Бикова европска првенка во воздушен пиштол

Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова, го освои златниот медал на Европското парапрвенство (ЕП) во стрелаштво, во норвешкиот град Хамар, во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.

Ова е уште еден голем успех за битолчанката, која во својата колекција има и олимписко злато.

Наковска-Бикова беше единствена македонска натпреварувачка на Параолимписките игри во Токио, и го освои шестото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.