Оливер Стоун снима филм за Владимир Путин
Холивудскиот режисер Оливер Стоун снима филм за рускиот претседател Владимир Путин, кој, како што се верува, ќе ги „отвори очите на Американците“ за поинакво гледиште.
- Филмот отвора целосно гледиште за кое, ние Американците, не сме чуле, изјави Стоун во интервју за весникот „Сиднеј морнинг хералд“.
Познатиот режисер наведе дека во филмот ќе бидат прикажани односот на Путин кон настаните во светот откако првпат беше избран за претседател во 2000 година.
- Господинот Путин е еден од најважните светски лидери и со оглед на тоа дека САД го прогласија за непријател, голем непријател, мислам дека е многу важно да чуеме што има тој да каже, вели Стоун.
Тој дополни дека со Путин се сретнал неколкупати и разговарале за Едвард Сноуден и дека и тоа ќе биде ставено во филмот.
Стоун е троен добитник на наградата Оскар.
Ново на Сител
-
Македонија пред полноќ ќе добие влада
-
Детектор: Македонија назадува во приближувањето кон ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пред полноќ ќе добие нова влада
-
Приватните превозници утре ќе возат само до 10 наутро
-
Заеднички служби го подготвуваат тендерот за набавка на нова компресорска станица
-
На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком
-
Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?