Спорт плус
3. September 2024 - 8:28

Олимписките кругови ќе останат на Ајфеловата кула и по затворањето на Параолимписките игри

Олимписките прстени ќе останат на Ајфеловата кула по завршувањето на Параолимписките игри на 8 септември, изјави денеска градоначалничката на Париз, Ан Идалго.

Олимписките кругови беа поставени на почетокот на јуни, а засега, не е прецизирано колку долго ќе останат закачени на Ајфеловата кула.

„Како градоначалник на Париз, одлуката е на мене и имам согласност од Меѓународниот олимписки комитет, така што круговите ќе останат на Ајфеловата кула“, изјави Ана Идалго.

Таа додаде дека на Ајфеловата кула наскоро ќе бидат поставени нови олимписките кругови, поголеми, но и полесни, бидејќи постојните во моментов се претешки за споменикот.

Идалго изрази својата желба олимпискиот, сега параолимписки факел да остане во паркот Туилери во близина на музејот Лувр и по завршувањето на Параолимписките игри.

Сепак, конечната одлука за тоа треба да ја донесе претседателот на Франција, Емануел Макрон, бидејќи паркот е во сопственост на државата.