Олеснети кредитните услови и за домаќинствата и за претпријатијата
Натамошно олеснување на кредитните услови и за претпријатијата и за домаќинствата, покажува анектата за кредитна активност спроведена во вториот квартал од оваа година.
Анкетата што ја објави Народната банка, покажува дека има зголемување на побарувачката и на корпоративни кредити и на кредитите на домаќинствата.
Според анкетата, во третиот квартал се очекува натамошно олеснување на кредитните услови и раст на побарувачката на кредити.
-Во второто тримесечјена 2019 година се забележува натамошно нето-олеснување на вкупните услови за одобрување корпоративни кредити. Сепак, слично како и во претходната анкета, поголем дел од банките (81,9 отсто) укажуваат на непроменети услови при одобрувањето кредити на претпријатијата. За наредниот квартал од 2019година банките очекуваат натамошно нето-олеснување на вкупните услови за одобрување корпоративни кредити, но поумерено, во споредба со очекувањата дадени во претходната анкета, стои во Анкетата.
Олеснувањата на условите се во делот на каматните стапки, но мало заострување е забележано кај барањата за обезбедување. Главен фактор врз олеснување на кредитните услови имала конкуренцијата од други банки.
Кај домаќинствата е забележано олеснување на кредитните услови кај сите кредити, особено кај станбените, кое произлегува од олеснувањето кај каматните стапки на станбените и потрошувачките кредити.
Како и кај корпоративните кредити и кај домаќинствата конкуренцијата од другите банки била фактор со најизразено влијание врз нето-олеснувањето на условите за одобрување на двата типа кредита на домаќинствата, што е нешто посилно кај потрошувачките кредити.
Факторите што делуваат врз побарувачката на станбените кредити е довербата на потрошувачите и заштедите на населението.
Ново на Сител
-
Дали и каде има пропусти при третманот на бебето од Струмица кое почина на детска?
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер
-
Седница на централниот одбор на СДСМ
-
Изборна ноќ во САД - Тесна трка меѓу Харис и Трамп
-
Како претседателските избори во САД ќе влијаат врз стабилноста на НАТО и Македонија?
-
Агелер: Јас гласав тоа е должност и привилегија
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски