Оланд ги осуди инцидентите на парискиот Плоштад на Републиката
Францускиот претседател Франсоа Оланд и премиерот Мануел Валс остро ги осудија инцидентите кои избувнаа вчера попладнето на парискиот Плоштад на Републиката меѓу силите на редот и демонстрантите, јави дописникот на МИА од Париз.
Во инцидентите беше оштетен импровизираниот меморијал на жртвите од терористичките напади.
- Ние знаевме дека имаше елементи кои сакаат да го нарушат редот, кои немаат никаква врска со бранителите на природата или тие кои сакаат конференцијата за климата КОП21 да успее, тие се тука само да создадат инциденти, изјави Франсоа Оланд.
За време на инцидентите, демонстрантите користеа свеќи поставени пред споменикот во сеќавање на жртвите, кои ги фрлаа врз силите на редот.
Полицијата уапсу 289 лица од кои изутринава се во притвор 174.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателот на хрватскиот Сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?