Околу 50 лица евакуирани поради пожар во Хрватска
Околу 50 жители синоќа беа принудени да ги напуштат своите домови поради голем пожар, што избувна околу 23 часот по локално време на хрватскиот полуостров Пелешац, јави хрватската телевизија ХРТ.
Горат два километри густа борова шума и наспроти напорите на противпожарните екипи огнот околу три часот наутро се доближи до куќите во Трстеник, кој речиси целосно беше евакуиран, пишува хрватскиот портал Индекс.хр.
Тешка е ситуацијата и во регионот на Смоквица на островот Корчула, каде избувна пожар за време на викендот. Откако пожарот беше локализиран од североисточна страна, вчера огнот повторно излезе надвор од контрола. Најкритично е во регионот на Брно, каде огнот досега зафати над 500 хектари борова шума.
Освен противпожарни екипи во гаснењето на пожарот учествуваат и специјални авиони за гаснење на пожари.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата