ОЈО Тетово гони лице кое со нож нападна и повреди дете
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донел наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ од член 188, став 1 од Кривичниот законик.
- Осомничениот се гони за дело кое го сторил на 25 овој месец, кога околу 17:00 часот откако го забележал детето, се скрил под балкон на станбен објект и го повлекол детето кон него. При тоа со нож неколку пати ја расекол по екстремитетите и нанел 20 до 30 гребнатини по стомакот, по што извршил полови дејствија. Детето успеало да се одбрани удирајќи го осомничениот и барајќи помош од другарите, соопшти попладнево Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител ценел дека се исполнети законските основи за определување на мерката притвор за осомничениот и доставил предлог до Основниот суд Тетово. Судот го прифатил предлогот на Обвинителството, па со решение му изрекол мерка притвор на осомниченото лице во времетраење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.