ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 45-годишен жител на Марино за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Неизвршување судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.
Осомничениот, на 25 мај вечерта, при вршење семејно насилство во домот, во алкохолизирана состојба, телесно повредил жена со која живеел во вонбрачна заедница. Употребил физичка сила врз оштетената и со тупаница ја удрил во главата, а потоа почнал да ја притиска на вратот, со што и нанел телесни повреди – гребаници и хематоми. Потоа се насочил кон сведокот – нејзината мајка која исто така започнал да ја притиска во пределот на вратот.
Со полициска асистенција заради нивна заштита, двете жени биле сместени во сигурносна куќа-шелтер центар.
Осомничениот бил задолжен со судска одлука од Основниот граѓански суд, кој донел решение и му определил привремени мерки за заштита од семејно насилство во времетраење од шест месеци. Со мерките нему му било забрането да врши психичко и физичко насилство врз оштетената и му било забрането да се доближува на растојание помало од 100 метри до домот. И покрај тоа, тој не постапил по правосилната судска одлука донесена во постапка за издавање на наредба на заштита на права, па овластените службени лица го привеле во полициска станица заради понатамошна постапка.
Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител процени дека постои опасност од бегство и предложи судијата на претходна постапка да му определи мерка притвор.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица