Македонија
1. September 2023 - 17:58

Охриѓанка преку брза пошта му испратила марихуана и таблета на пациент во психијатриска болница

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.У.(22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, соопшти МВР.

Имено, како што информираат од МВР, пријавената ставила марихуана и таблета МДМА во шише и како пратка преку брза пошта му го испратила на С.Б.(21) од Охрид, кој бил на издржување судска мерка во судско одделение во ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар.