-->
-->
Охриѓанецот Иван Лотески најсреќен меѓу пливачите во Охрид
-->
Иван Лотески од Охрид меѓу стотината верници кои утрово се фрлаа по Светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, беше најсреќен и прв успеа да доплива до крстот.
Тој после 14 обиди успеа годинава да го фати крстот.
Настанот за одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и годинава го следеа неколку илјади граѓани. Манифестацијата Богојавление-Водици е во организација на Дебарско- кичевската епархија во соработка со локалната самоуправа, а со поддршка на јавните претпријатија, Црвен крст, нуркачкиот центар „Амфора“, како и фаќачите на светиот крст од минатите години.



-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пет пациенти се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Не може да се прогласи човек за виновен, доколку покрај изјавата нема материјален доказ
-
Неделава променливо облачно и нестабилно време
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
-
Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија
-
Телото на папата Франциск е привремено балсамирано
-
Голема полициска акција: Мрежа од 50 лица со лажни дијагнози овозможувале туѓа нега и инвалидски пензии
-
83 годишен затвореник почина во затворот во Штип