Македонија
13. April 2017 - 14:13

Ограбено момче во Аеродром

Осумнаесетгодишниот скопјанец Д.М. синоќа во 22 часот пријавил во полиција дека бил ограбен на пешачка патека позади ОУ „Љубен Лапе“ во населбата Аеродром.

Крадецот, како што информира МВР, го удрил момчето во пределот на тилот и кога паднал му одзел мобилен телефон, а се обидел да му одземе и златно синџирче од вратот, но не успеал, по што побегнал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.