Македонија
5. January 2016 - 13:53

Ограбена златарница во Кочани

Вчера околу 11:35 часот во златарата „Боно“ во Кочани непознато лице, маскирано и со закана со пиштол, физички ја нападнало вработената. Ја удирал со тупаници во пределот на главата по што таа паднала на подот. Потоа одзел поголема количина златен накит и избегал. Вработената била пренесена во ЗД-Кочани за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од НК КР-Кочани. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.