Ограбена Астра во Скопје, крадецот изнел 630.000 денари
Маскирано вооружено лице вчера го ограбило казиното „Астра клуб“ во Скопје, при што од сефот одзел околу 630.000 денари и од пултот засега неутврдена сума на пари.
Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 5:50 часот во казиното „Астра клуб“ на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, маскирано лице вооружено со огнено оружје извршило разбојништво, при што од сефот одзел околу 630.000 денари и од пултот засега неутврдена сума на пари.
Сторителот, како што информираат од полицијата, влегол во казиното и физички го нападнал вработениот во обезбедувањето, удирајќи го со пиштолот, кој паднал на подот. Потоа го вперил пиштолот кон двете вработени и ги натерал да го отворат сефот, од каде ги одзел парите, а потоа ги зел и парите од пултот, по што го напуштил местото на настанот.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот, како и целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45