Ограбена Астра во Скопје, крадецот изнел 630.000 денари
Маскирано вооружено лице вчера го ограбило казиното „Астра клуб“ во Скопје, при што од сефот одзел околу 630.000 денари и од пултот засега неутврдена сума на пари.
Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 5:50 часот во казиното „Астра клуб“ на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, маскирано лице вооружено со огнено оружје извршило разбојништво, при што од сефот одзел околу 630.000 денари и од пултот засега неутврдена сума на пари.
Сторителот, како што информираат од полицијата, влегол во казиното и физички го нападнал вработениот во обезбедувањето, удирајќи го со пиштолот, кој паднал на подот. Потоа го вперил пиштолот кон двете вработени и ги натерал да го отворат сефот, од каде ги одзел парите, а потоа ги зел и парите од пултот, по што го напуштил местото на настанот.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот, како и целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија ја нападна Украина со над 300 дрона и 20 ракети во првите три дена од 2025 година
-
Од денеска до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Променливо облачно со дожд и снег
-
Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди Етиопија
-
Од денеска ќе се вози по експресниот пат Куманово (Страцин)-Крива Паланка
-
Бадникова поворка во понеделник во Кавадарци
-
Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Мегваер до 2026 година
-
Агелер: Доказите за поранешниот вицепремиер Груби се на дофат на македонските власти