Македонија
8. November 2017 - 12:15

Ограбен скопјанец во ГТЦ, му скокнале двајца и го онесвестиле

Вчера во 23,50 часот во СВР-Скопје, К.Б. (47) пријавил дека истиот ден околу 18,20 часот во Градскиот трговски центар, две непознати лица физички го нападнале, по што истиот паднал на земја и се онесвестил, а лицата му одзеле два мобилни телефони и 150 евра, по што го напуштиле местото на настанот.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.