Оглас за прием на 300 професионални војници во Армијата, најави премиерот
Планирано е да се објави оглас за прием на 300 професионални војници во македонската Армија, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.
Во изјава за медиумите по работната посета на скопско Марино, претседателот на Владата ги повика сите заинтересирани млади луѓе да се пријават и рече дека се добредојдени доколку сакаат да се вклучат во одбранбено-безбедносниот систем на државата.
Нагласи дека ќе бидат примени сите кои ги исполнуваат условите, без оглед на нивната етничка припадност.
- Ги повикувам сите граѓани, без разлика на етничката припадност, сите кои сакаат да бидат вклучени во безбедносниот систем. И тука нема проценти – секој оној кој ќе ги исполни условите, ќе биде примен. Сите, буквално сите оние коишто сакаат да учествуваат во одбраната на нивната татковина, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
САД го поздравуваат мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Украина ги отфрла тврдењата дека нејзините сили во Курск се опколени
-
Путин по средбата со Виткоф: Ќе видиме што ќе произлезе од ова
-
Во Берлин запалени четири автомобили на „Тесла“
-
Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи
-
Приведен скопјанец кој му се заканувал на инспектор од АХВ
-
Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор
-
Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава | ВИДЕО