Одземени возила поради сомнение за фалсификат, пронаден пиштол, приведени четири лица од РЦ за ГР Север
Во периодот од 18.15 часот на 11.12.2022 до 06.10 часот на 12.12.2022, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север од слобода лишиле четири лица, од кои тројца македонски и еден албански државјанин.
Во 18.15 часот на Граничен премин Табановце од слобода бил лишен А.Б.(41) од Гевгелија затоа што при контрола било констатирано дека серискиот број на возилото „фолксваген транспортер“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван, односно бројот во собраќајната возила не бил ист со бројот што е на возилото.
За исто дело, денеска во 06.10 часот на Граничен премин Табановце од слобода бил лишен и Е.Д,.(37) од Република Албанија. При контрола било констатирано дека серискиот број на возилото „форд фиеста“ со романски национални ознаки, кое го управувал, бил фалсификуван, односно бројот во собраќајната возила не бил ист со бројот што е на возилото.
Додека пак, на 11.12.2022 на локалниот пат с.Табановце - с.Лојане, кумановско, во атар на с.Лојане, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот ги лишиле од слобода Х.Х.(21) и Х.М.(39), двајцата од с.Сопот, кумановско. При преглед во возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Х., биле пронајдени и одземени пиштол „COL. 9 mm Parabelum“ и полна рамка во него со 10 куршуми калибар 9 мм.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ елиминиран во четвртфиналето во Бризбејн
-
Николовски: Наплатата на приходите од ДДВ при увоз на патнички возила зголемена за над 482 милиона денари
-
Јовчески: Детето повредено кај Рашче, очекувам наскоро на домашно лекување
-
За повлечениот Предлог-закон за средно образование повторно ќе се дискутира за да се најде заеднички јазик, вели Јаневска
-
Француски осуденик држи неколку вработени во затворот како заложници
-
Лазаров пред СП 2025: Умерен оптимист сум
-
Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судски совет
-
Жестоко ќе реагираме ако повторно има несакани појави со цените, најавува Мицкоски